Почитувани,

Зошто да ги користите услугите на Технички Институт Македонија, Акредитираното инспекциско тело?

Компетентноста е клучот.

Имајте доверба во акредитираните инспекциски тела!

Дали ви е потребна услуга од инспекција и контролирање на електричната опрема и инсталацијата, отпорот на заземјувањето, громобранската инсталција за заштита од атмосверски празнења, готови производи, работните услови во претпријатието?

Инспекцијата и контролирањето најчесто се користат за целите на верификација на одредени производи и опрема, како и периодични инспекции на опрема, инсталација и специфични процеси. Компентетноста на инспекциското тело, при изборот на инспекциското тело кое за вашите потреби треба да изврши инспекција и контрола, е многу важна за да бидете сигурни дека посакуваната инспекција и контрола ќе се направи од стручни лица и на компетентен начин со што ќе се обезбеди независност и непристрасност на инспекцијата и контролата.

Ќе сакате да бидете сигурни дека инспекциското тело кое го ангажирате има компентентен надлежен персонал, соодветна опрема и простории и воспоставен систем на управување.

Како на наједноставен начин да се потврди дека сте го избрале соодветното инспекциско тело – секако со изборот на Технички Институт Македонија Акредитираното инспекциско тело.

Зошто нешто што е важно би се препуштило на случајноста?

Со користење на услугите на акредитираните инспекциски тела ќе ги отстраните сите сомнежи во квалитетот на системот за инспекција и контрола, додека доколку ги користите услугите на неакредитираните претпријатија, тоа нема да ви ги донесе очекуваните предности!

Акредитацијата, доделена од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија на Технички Институт Македонија, можете да ја користите како доказ при користењето на услугите на акредитираното инспекциско тело, дека тоа во својата работа ги користи релевантните стандарди и квалитетот на неговите услуги е на највисоко ниво.

Што е тоа на што треба да се врши инспекција, односно да се контролира?

Активностите вклучуваат инспекција на материјали, производи, инсталациите, објектите, процеси, работните процедури или услугите, како и утврдување на нивната усогласеност со барањата и конечно издавање на извештај за резултатите од овие активности на клиентите, и доколку е потребно, на надзорните органи на управата.

Инспекциските тела ги спроведуваат проценките за клиентите, за матичните организации и надзорните органи на управата со цел да заинтересираните страни ги добијат потребните информации кои се однесуваат на усогласеноста со прописите, стандардите или спецификациите.

Зошто би требало да се користат услугите на Технички Институт Македонија, кое има акредитација од Институтот за Акредитација на Република Македонија?

Многу се причините поради кои треба да се користат услугите на Технички Институт Македонија, Акредитираното инспекциско тело кое е акредитирано од Институтот за Акредитација на Република Македонија. Ќе ги наведеме најважните :
- намалување на степенот на ризик,
додека степенот на ризик не може да се елиминира во потполност, користењето на услугите на акредитираното инспекциско тело помага во намалувањето на степенот на ризик од појави на несреќи и повреди во многу области, како што се : инспекцијата на електричните инсталации, безбедноста на работните места и работната средина, заштитното заземјување на објекти, работни машини и друго. Со ангажирање на акредитираното инспекциско тело за извршување на бараните инспекции може да се намали ризикот од зголемување на трошоците на работењето, губењето на драгоценото време и носењето на погрешни деловни одлуки поради несоодветното извршени инспекции.
- одржување на професионалноста во работењето,
инспекцијата на уредите, процесите, машините, работните услови и работната средина праќаат порака на вашите клиенти дека сте професионални. Со ова покажувате дека инспекцијата е извршена од страна на независно и непристрасно тело. Дали ли повеќе ќе ви се исплати да не ги користите услугите на акредитираните инспекциски тела?
- доказ на кредибилитетот,

Технички Институт Македонија, кое е акредитирано од Институтот за Акредитација на Република Македонија во секој момент може да ја докаже компентентоста на методите со кои се извршува инспекцијата, нивната усогласеност со потребните барања, може да се повика на најдобрата пракса во својата област и секогаш ќе користи обучени и искусни работници.

Како можете да бидете сигурни дека Технички Институт Македонија е акредитирано?

Ако сакате да се користат одредени услуги од инспекциско тело, треба да се утврди дали телото е акредитирано.
Постои лесен и едноставен начин со кој може да се провери дали инспекциското тело ги спроведува своите активности доверливо, компетентно и во согласност со барањата на соодветните стандарди – а тоа е инспекциското тело да се наоѓа во Регистарот на акредитирани инспекциски тела на Институтот за Акредитација на Република Македонија.

Вие треба да побарате на увид од акредитираното инспекциско тело дали бараната услуга е утврдена со опсегот на акредитацијата за кои инспекциското тело има добиено уверение за акредитација. Исто така, на акредитираното инспекциско тело му е овозможена употреба на симбол кој се користи во извештаите и сертификатите.

 

 

Почитувани,

Системот за управување во TEХНИЧКИ ИНСТИТУТ Македонија, Акредитираното инспекциско тело е усогласен со барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006 Општи критериуми за работа на различни типови тела што вршат инспекција.

Како инспекциско тело, сакаме да бидеме препозантливи и прифатени како културен и добар бизнис партнер. Нашето мото '' Подобро, Поблиску, Повеќе'' сакаме да го преточиме во нови вредности и на тој начин да придонесеме за континуирано подобрување на сеопфатните активности фокусирани на нашите клиенти и нашите вработени.

Подобро, да се биде подобар од конкуренцијата, а како гаранција се нашите експерти, искуство и знаење,

Поблиску, да се биде поблиску до клиентите и иновациите,

Повеќе, повеќе услуги е основата на нашиот развој. Ние не сакаме само да биде надзор, но, исто така, да учествуваме во развојот, на мали, средни, како и големи организации и проекти.

На овој начин, даваме најголем придонес со постојано задоволување на критериумите за однесување и со нагласување и почитување на уникатноста како на клиентите со кои работиме и така и на потенцијалните клиенти, спрема кои имаме уникатен и недискриминаторски пристап на задоволство на сите заинтересирани страни, фокусирање на своето внимание на анализа на нивните барања и воспоставување единствен професионален однос на доверба и долгорочна соработка.

ДИРЕКТОР
Коцевски Цане Оперативен Менаџер

Донација на сертификат за стандард ISO 9001 : 2008

Со одлука на управителот на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија, оперативниот менаџер Коцевски Цане, во соработка со интернационалната сертификационата куќа CERTOP – Унгарија,

Повеќе...
Отпочнување со работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија, е правен субјект насочено кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Со својата работа почна на 21.05.2013 година. Оттогаш, претпријатието секојдневно ја зголемува и збогатува својата опрема која ја користи и го збогатува своето искуство.

Повеќе...
Добивање на сертификат за акредитација

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.

Повеќе...
Добивање на решение за работење од областа на безбедноста и здравје при работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :

Повеќе...
Извршени првите обуки за безбедно работење на работното место

Согласно добиените овластувања и решение со кое ни се дозволува извршување на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа,

Повеќе...

 

Почеток