Безбедност и здравје при работа

Општи акти

Безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина се континуирани процеси на кои не може да им се пристапи неодговорно. Примената на мерките, прописите и стандардите во областите безбедност и дравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина е огромен чекор понатаму во согласност со нормите на добрите стопанственици.

Водејќи се од овие мотиви, Акредитираното Инспекциско тело Технички институт Македонија е претпријатие кое има решение издадено од страна на Министертсвото за труд и социјална политика на Република Македонија за да во согласност со законските прописи, стандардите и добрата пракса обезбедува услуги од овие области.

Под покривот на Акредитираното Инспекциско тело Технички институт Македонија се собрани голем број на стручни лица од областа на безбедноста и здравјето при работа, заштитата од пожари и заштитата на животната средина, како голем број на стручни соработници, инжинери, лекари, правници и други, за да на што подобар, стручен и професионален начин им се помогне на стопанствениците во спроведувањето на своите процеси за безбедност и здравје при работа, заштитата од пожари и заштитата на животната средина.

Квалитетот на услугите и препораките од многуте успешни стопанственици се клучот на нашиот успех и постоење.

Само на едно место во Акредитираното Инспекциско тело Технички институт Македонија ќе добиете комплетна услуга од областа на безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина.

Стручни работи од областа на безбедноста и здравјето при работа :

    • проценка на ризик на работното место и работната околина,
    • редовно тестирање и контрола на работната опрема,
    • концепт на изјава за безбедност,
    • изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работите,
    • вршење на периодични мерења на хемиски, физички и биолошки штетности и на микроклиматски услови во работната средина.

Во согласност со важечките законски прописи ние имаме стручен експертски тим кој е специјализиран за изработка на општи акти, како што се:

  • Правилник за внатрешна организација и систематизација на
    работните места, ( опис на работни места, упатства за работа на
    машините, досие на машините)
  • Правилник за безбедност и здравје при работа,
  • Правилник за лична заштитна опрема,
  • Правилник за заштита од пожари и експлозии,
  • Проценка на загрозеност за можни опасности при елементарни непогоди и несреќи,
  • План за евакуација и спасување при елементарни непогоди и несреќи,
  • Програма за обука на вработените за безбедно извршување на работата.

Општи акти се документи со кои подетално се уредува некоја област во работењето. Некои општи акти се пропишани со закон како задолжителни (на пр. Општиот акт за безбедност и здравје при работа - "Правилник за безбедност и здравје при работа ", или општиот акт кој што скратено се именува како Систематизација, а целосното име му е " Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места "или" Правилник за работа " (Деловник), како општ акт , и др.)

Освен задолжителните со закон пропишани општи акти , работодавачот може и сам, во согласност со потребите на својата организација да донесе општ акт - Правилник за она што е потребно и важно подетално да се среди за процесот на работа (на пр. " Правилник за ракување со опасни материи "- за работодавците кои произведуваат, складираат или превозуваат (транспортираат) опасни материи, " Правилник за набавки, користење и отпис на средства и опрема за лична заштита при работа " , и др.) .

Ние сме достапни за консултација и изготвување на општи акти !

Стручно лице за безбедност и здравје при работа

Месечната услуга (работата на стручните лица за безбедност и здравје при работа) е нашата најкомплексна услуга која ја нудиме во рамките на управување со системот за безбедност и здравје при работа во Вашето претпријатие. Работите кои што ги извршуваме во рамките на оваа услуга се наплаќаат на месечна основа, а вклучуваат комплетен менаџмент на ризици на работното место и работната средина. Лицето кое што ги извршува овие работи, со Закон се дефинира како Стручно лице за безбедност и здравје при работа.

Сите вработени експерти во Акредитираното Инспекциско тело Технички институт Македонија се дипломирани инженери со положен стручен испит за извршување на работите за безбедноста и здравјето при работа.

Важни факти пропишани со Закон, а се во врска со работите на стручните лица за безбедност и здравје при работа:

  • Секој работодавател (без оглед на видот на активноста, структурата на работата и бројот на вработените) е должен со акт во писмена форма да назначи стручно лице за безбедност и здравје при работа.
  • Секој работодавател кој има повеќе од 10 вработени е должен да определи стручно лице за безбедноста и здравјето при работа, кое има положен стручен испит за безбедност и здравје при работа.
  • Во случаите кога работодавателот извршува работа од висок ризик, без оглед на бројот на вработени (под или над 10), мора да има назначено стручно лице за безбедност и здравје при работа со положен стручен испит.

Како Ваше Стручно лице за безбедност и здравје при работа ние ќе Ви пружиме:

  • Целосна стручна помош во управувањето со системот на безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, преку извршување на надзор и контрола.
  • Целосна стручна помош во создавање, организација и водење на законски пропишаната документација.
  • Секојдневно следење на спроведувањето на мерките за безбедна и здрава работа на вработените во вашето претпријатие ( почитување на процедурите за работа, употреба на средства и опрема за лична заштита, почитување на општите принципи за безбедност и здравје при работа, и др.)
  • Целосно согледување на вашите потреби за процедури и упатства за безбедна и здрава работа кое што ние ќе ги изработиме специјално само за вашите вработени.
  • Целосна стручна поддршка во контролирање на критичните точки во вашиот работен систем од аспект на безбедност и здравје при работа, со цел да се спречи појавата на повреди при работа и професионални заболувања.
  • Организација на инспекција и испитување на условите во работната средина, опремата за работа и здравствените прегледи за вработените во согласност со прописите.
  • Целосна стручна поддршка при секој инспекциски надзор, каде што како Ваше Стручно лице за безбедност и здравје при работа ќе соработуваме со надлежните трудови инспектори.

Концепт на изјава за безбедност

Проценка на ризик на работното место и работната околина

Проценка на ризик на работното место и работната околина мора да направи секоја фирма без обзир на дејноста или бројот на вработените. Проценката на ризик на работното место и работната околина е акт кој содржи опис на работниот процес со проценката на ризикот од повреди и/или оштетување на здравјето на вработениот на работното место во работната околина и мерки за отстранување или намалување на ризикот со цел подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

Имаме тим на стручни лица кои во краток рок, со висок квалитет, без влијание врз извршувањето на секојдневните работни активности во претпријатието ќе извршат приценка на ризикот на сите работни места во работната околина. Со изработување на квалитетна Проценка на ризикот на работното место во работната околина, работодавателот истовремено се заштитува себе си, своите вработени и својот бизнис и го подобрува своите перформанси на пазарот каде што учествува.

``Секој работодавач мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место, прецизирајќи го начинот, како и мерките кои треба да се преземат. Ако се променат условите или се појави нова опасност на работно место и во работната средина за која претходно е изготвена изјава, работодавачот мора да направи нова изјава за безбедност. Изјавата за безбедност се заснова врз идентификација на опасноста и проценка на ризиците по безбедноста и здравјето на работното место и во работната средина на која се однесува изјавата за безбедност. Изјавата за безбедност на работното место се изготвува на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на друг јазик кој што е службен јазик на подрачјето на општината. Начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот, ги пропишува со правилник министерот надлежен за работите од областа на трудот во согласност со министерот надлежен за работите од областа на здравството.``

Член 11 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. Весник на Република Македонија бр.92/2007)

Изготвувањето на Изјавата за безбедност е обврска на секој работодавател, без обзир на дејноста, бројот на работните места или бројот на вработени во претпријатието. Изјавата за безбедност се изготвува во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа и поедините Правилници произлезени од него и е специфична за секое претпријатие.

Поедноставно кажано, Изјавата за безбедност преставува процедура за управување со идентификуваните ризици во претпријатието. Со промените во процесите на работењето или со промената на работниот простор, се менуваат и ризиците на работните места, а со тоа и во Изјавата за безбедност мора да се врши парцијална или потполна измена.

Редовно тестирање и контрола на работната опрема

Работодавателот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди. Ако со упатството на производителот и со другите прописи од овој член не се предвидени други рокови, работодавачот е должен средствата за работа од овој член да ги прегледа и испита:

  • пред првата употреба,
  • по реконструкција или хаварија и
  • по преместувањето од едно на друго место (дигалка и слично).

Работодавачот не смее да стави во употреба средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа, ниту пак вработениот смее да употреби такви средства за работа.

Член 33 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. Весник на Република Македонија бр.92/2007) После монтирање или преместување и пред почнување со користење, работната опрема мора да ја прегледа стручно лице за безбедност и здравје при работа и да даде одобрување за нејзино пуштање во работа или кога е тоа со посебен пропис предвидено, стручното лице мора да издаде исправа од која е јасно видливо дека работната опрема е соодветно и правилно поставена и дека може да се користи во согласност со упатството на производителот, односно на сигурен и безбеден начин.

Поимот работна опрема и средства за работа ги вклучува сите машини, средства и уреди (тука спаѓаат и тие кои не се на списокот на машини, средства и уреди со зголемена опасност), постројки, средства за пренос и превоз на товари, алати, скелиња и други средства за повремена работа на висина.

За да се осигурате дека вашите работна опрема и средства за работа ќе бидат во исправна состојба, поради рационалност и економичност (скапи кадри и опрема за испитување) редовното тестирање и контрола на работната опрема можете да го доверите на Акредитираното Инспекциско тело Технички Институт Македонија.

Со правилното одржување, прегледи, контрола и периодичното испитување се продолжува времето на искористување на работната опрема, се намалува ризикот од повреди на рабтното место и се намалуваат ризиците од материјлна штета поради застои во производството и неисправност на средствата за работа.

Изработка и спроведување на програми за обука на вработените за безбедно извршување на работите

Многу е важно вработените да ги оспособите за безбедна и здрава работа. Зошто?

  • Како работодавател ќе ја извршите својата законска обврска.
  • Вашите вработени ќе бидат запознати со мерките за заштита на своето работно место - мерките за заштита од настанување на повреди на работа и професионални заболувања.
  • Вашите вработени ќе увидат дека вложувате напори за нивната безбедност и здравје на работа и повеќе ќе се интересираат за оваа област низ нивно активно учество.
  • Вашите вработени ќе ги сфатат своите права и обврски во системот за безбедност и здравје на работа како и одговорност.
  • Ќе го намалите бројот на повреди на работа и можноста за настанување на професионални заболувања.
  • Експертите од Акредитираното Инспекциско тело Технички Институт Македонија досега извршиле оспособување на вработени за безбедна и здрава работа во повеќе фирми.

Со богатото искуство и организирањето и одржување на едукација на тема безбедност и здравје на работното место, наше ангажирање и Вашите вработени ќе бидат оспособени за безбедна и здрава работа.

Ќе подготвиме предавања кои одговараат на Вашиот делокруг на работа и ризиците на работните места во Вашето претпријатие.

Ќе одговараме на сите Ваши прашања од оваа област. Ќе изработиме комплетна документација за извршените обуки, која понатаму ќе ја чувате во склад со прописите.

Освен законската обврска за обука на вработените за безбедна и здрава работа, организираме и разни други предавања на разни теми, бидејќи имаме успешна соработка со стручни лица од областа на : безбедносен инженеринг, медицина, индустриски менаџмент и др.

Вршење на периодични мерења на хемиски, физички и биолошки штетности и на микроклиматски услови во работната средина

Работна средина – микроклиматски фактори (контрола на температура, контрола на релативна влажност, контрола на брзина на струење на воздух, контрола на атмосферски притисок)

Контрола на температура, контрола на релативна влажност, контрола на брзина на струење на воздух, контрола на атмосферски притисок

Микроклиматските фактори или параметри ги сочинуваат температурата, релативната влажност, брзината на струење на воздухот и атмсферскиот притисок. На сите работни места мора и во летните и во зимските месеци да се обезбедат поволни услови за работа во однос на температурата, влажноста и брзината на движење на воздухот, додека атмосферскиот притисок зависи од надворешните влијанија на глобалните климатски услови на кои не може да се има влијание. Температурата и релативната влажност на воздухот во работната средина мора да бидат дизајнирани и конструирани во согласност со техничките барања за проектирање и изградба на објекти.

Важно е да се нагласи дека во работните простории и простори каде процесот на работа негативно влијае на микроклиматските параметри, температура, релативна влажност и брзина на струење на воздухот, постои обврска за испитување на овие параметри.

Температура на воздухот

Топлотниот комфор претставува збир на микроклиматските фактори во кои човекот се чуствува најудобно (ни премногу топло, ни премногу ладно) во својот работен и животен простор.

Температурната комфорност во просторот се постигнува кога се воспостави термичка рамнотежа помеѓу топлината која ја создава човечкиот метаболизам и топлината која телото ја испушта во својата околина.

Појасот на температурата на воздухот при која човекот се чуствува најудобно е доста широк и се движи од 190С до 24 0С. Оптималните температури на воздухот на работниот и животниот простор би требало да бидат :

  • годишно време зима од 190С до 23 0С,
  • годишно време лето од 200С до 24 0С.

Релативна влажност на воздухот

Релативната влажност на воздухот претставува степен на заситување на воздухот со водена пареа, а се изразува во %.

Податоци за релативната влажност во зависност од состојбата со воздухот

состојба на воздухот
релативна влажност на воздухот %
многу сув воздух
55
сув воздух
55 - 74
умерено влажен воздух
75 - 90
Многу влажен воздух
над 90

Брзина на струење на воздухот

Мерењето на брзината на струење на воздухот во пракса се изведува на различни места и простори и за различни потреби. Во зависност од намената на мерењето потребно е да се одбере соодветна метода со која може да се изврши мерењето на наједноставен начин, а да при тоа резултатите кои се добиени со тоа мерење бидат доволно точни.

Брзината на струење на воздухот во работната средина зависи од видот на работата и процесот на производство, годишното време и надворешната температура.

Податоци за брзината на струење на воздухот во работната средина во зависност од годишното време и надворешната температура

годишно време 

надворешна температура

0K/ 0С 

гранична вредност на

брзината на струење на

воздухот во работната средина (m / s)

зима
283 / 10
0,5
промена на годишните времиња 
283 – 300 / 10 - 27
0,6
лето
над 300 / над 27
 
0,8

Атмосферски притисок

Атмосферскиот притисок е директна последица на тежината на воздухот. Тоа значи дека притисокот на воздухот се разликува од место до место и временски бидејќи количината (и тежината) на воздухот над земјината површина исто така се разликува. Атмосферскиот притисок се намалува за 50% на висина од 5 km (бидејќи и вкупната маса на атмосферата се наоѓа внатре во најниските 5 km). Просечниот атмосферски притисок измерен на висина на морската површина изнесува 101,3 kPa или 760 mmHg.

Квалитет на воздухот

Квалитетот на воздухот е претставен со концентрацијата на дадената загадувачка материја во воздухот и се изразува во µgr загадувачка материја по кубен метар воздух, сведено на темепература од 293 0К или 20 0С и атмосферски притисок од 101,3 kPa.

Бидејќи квалитетот на воздухот се одредува со пратење на примероците на загадувачка материја чија должина на временски интервали е стандардизирана на 30 минути, еден час, 8 часа, 24 часа или еден месец (во зависност од загадувачката материја и користената метода на пратење на примерокот), статистичкиот параметар кој претставува висока концнтрација е различен за различно време на следење на состојбата, односно ист квалитет на воздухот ќе биде дефиниран со поголема вредност на овој параметар и со помало време на следење. Од овие причини и граничните вредности на квалитетот на воздухот, односно бараните вредности за квалитетот на воздухот, ќе имаат и различни вредности, зависно од времето на следење, а со тоа и реално истата вредност на ограничувањето ќе биде прикажана со поголема бројчана вредност и со помало време на следење.

Работна средина – физички штетности

  • контрола на ниво на бучава во работна средина
  • контрола на ниво на бучава во животна средина
  • контрола на осветленост во отворени работни средини
  • контрола на осветленост во затворени работни средини

Контрола на ниво на бучава

Бучавата како една од негативните последици врз животната средина е проблем кој е распространет во целиот свет и се јавува како резултат на технолошкиот развој. Најчесто е предизвикана од транспортните средства и машини кои се користат во производните процеси. Меѓутоа, отстранувањето на проблемот е неизмерливо различен од земја во земја и е многу зависен од културата, економијата и политиките на земјите. Проблемот подеднакво опстојува дури и во области во кои што се трошат огромни средства за регулирање, оценување и намалување на изворите на бучава или за создавање бариери за бучавата.

Бучавата претставува непријатен звук или звучна појава, која при одреден интензитет предизвикува непријатно чувство кај човекот и влијае на неговата психофизичка состојба, ја намалува работната продуктивност, го попречува одморот и сонот и создава немир и нерасположение. Бучавата е физички агенс од животната средина со тенденција на пораст во развиените земји и во земјите во развој. Во Европската Унија, околу 30% од популацијата се изложени на сообраќајна бучава со еквивалентно ниво повисоко од 55 dB(А) во текот на денот, додека 13% се изложени на еквивалентно ниво кое надминува 65 dB(А).

Граничните вредности за нивото на бучавата се дефинирани во Правилникот за гранични вредности (Сл. весник на РМ бр. 147/08), согласно препораките на Светска Здравствена Организација (СЗО). Според најновите препораки на СЗО, препорачаната гранична вредност за ноќна бучава треба да биде 40 dB(А), а ниво од 55 dB(А) може да се толерира само како краткотрајна изложеност.

Контрола на осветленост

Осветлувањето треба да биде во доволни количини за да им овозможи на луѓето да работат и да се движат безбедно. Доколку е потребно, локалното осветлување на отворениот работен простор треба да биде обезбедено за индивидуални отворени работни простори и на места со особен ризик, како што се премини на патни правци, раскрсници, излези од спортски објекти и сл.. Осветлувањето и количинината и интезитетот на светлина не треба да создадаваат било каква опасност по здравјето на луѓето. Автоматско осветлување за итни случаи, со поддршка од независен извор, треба да биде обезбедено на сите отворени простори каде што ненадејното губење на светлината може да создаде ризик по животот на граѓаните.

Покрај природната сончева светлина се користи вештачката светлина која што се добива од класични светилки со волфрамово жаречко влакно, светилки исполнети со вакумиран гас, натриумови, живини, халогени, неонски, флуоресцентни и најнови лед светилки кои што нудат заштеда на електрична енергија до 80 % и век на траење од преку 50 000 часа на работа или гаранција до 3 година.

Осветленоста е мерка за силината (интензитетот) на светлината.

Осветленост е вкупниот паѓачки светлосен тек (флукс) по единица површина.

Во системот SI единица за мерење на осветление е 1 лукс (Lх), што е 1 лумен на метар квадратен .

Осветленоста се намалува обратно пропорционално со квадратот на растојанието.

Работна средина – емисија на загадувачки супстанции

  • контрола на емисија на загадувачки супстанции – прашина (цврсти честички)
  • контрола на емисија на загадувачки супстанции – јаглерод моноксид(CO) и јаглерод двооксид (CO2)

Контрола на емисија на загадувачки супстанции – прашина (цврсти честички)

Прашина е генерички термин кој се користи да се опишат фини честички, кои се суспендирани во атмосферата.

Прашина е општо име за цврсти, воздушни честички. Додека повеќето видови на прашина се релативно безопасни , останатите понекогаш може да предизвикаат болест или дури народски кажано да долеат гориво на оган. На пример, пилевината како прашина при обработка на дрвото е опасност самата по себе на некои работни места.

Прашината обично се класифицира според големината на своите честички, како што следува :

  • депонирана прашина се однесува на било прашина која излегува од суспензија во атмосферата,
  • вкупно суспендирани честички (TSP) обично се однесува на честички со големина од 50μm (микрометри) (0.05mm дијаметар) или помалку,
  • РМ10 се однесува на честички со големина од 10μm (0.01mm) или помалку,
  • PM2.5 се однесува на честички со големина од 2.5μm (0.0025mm) или помалку,

Големината на честичките е значаен фактор за дисперзија и транспорт на прашината во атмосферата како и за ефектите од прашината врз човековото здравје.

Честичките прашина во атмосферата може да бидат мали по димензија со ред на големина од неколку нанометри и големи со ред на големина од 100μm.

Контрола на емисија на загадувачки супстанции – јаглерод моноксид(CO) и јаглерод двооксид (CO2)

Контролата на емисијата на јаглерод моноксид CO и јаглерод двооксид СО2 е со цел следење и контролирање на нивната концентрација и обезбедување најдобар можен квалитет на воздухот и намалување на ризиците по здравјето на луѓето и / или животната средина како целина.

Мерењата на емисијата на јаглерод моноксид CO и јаглерод двооксид СО2 со цел следење и контролирање на нивната концентрација може да се вршат како:

  1. гаранциски мерења - мерење по изградба или реконструкција на објекти, со цел да се добие дозвола за работа,
  2. поединечно мерење - мерење за периодична контрола според однапред изработен план, а најмалку еднаш годишно,
  3. континуирано мерење - мерење на постројки и опрема, или објекти за кои постои веројатност дека ќе ги надминат граничните вредности на емисиите утврдени со Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (“Службен весник на Република Македонија” бр. 67/04 и бр. 92/07),
  4. годишно контролно мерење - мерење со цел да се проверат податоците за вредностите на емисијата на јаглерод моноксид CO и јаглерод двооксид СО2.

Заштита од пожари

Со цел за заштита на имотот и лицата од пожари основавме и сектор за заштита од пожари, како дел од системот на управување со интегрираните ризици. Од областа на заштита од пожари Ви ги нудиме следните услуги, висококвалитетно и професионално :

  • Услуга за референтна заштита од пожар - месечен сервис (стручни работи на спроведување на заштитата од пожар).
  • Изработка на правила за заштита од пожар.
  • Изработка на програма за основна обука на работниците (вработените) од заштита од пожари со проверка на знаењата.
  • Изработка на план за санација.
  • Консалтинг од областа на заштита од пожари(советување при избор на системи и средства за дојава и гасење на пожари).

Према законот за заштита од пожари потребно е да именувате лице кое е стручно оспособено за спроведување на заштитата од пожар. Како ваше стручно лице за спроведување на заштитата од пожар ќе ви овозможиме :

  • Спроведување на основни обуки на вработените и проверка на знаењата од областа на заштита од пожар.
  • Организирање на редовен сервис на опремата за заштита од пожар,во согласност со прописите.
  • Благовремено советување и давање на инструкции за унапредување на заштитата од пожар.
  • Водење и изработка на комплетна документацијаза овие области во склад со Законот.
  • Присуство при секој инспекциски надзор на објектот.

 

 

ЗАКОН ЗА АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУД

ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО И ОСИГУРУВАЊЕТО ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ

ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

ЗАКОН ЗА ВОЛОНТЕРСТВО

ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА

ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ТЕХНУЧКИТЕ И ДРУГИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ ПРАВНОТО ИЛИ ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ ЗА ВРШЕЊЕ СТРУЧНИ РАБОТИ

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК ОД БУЧАВА

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА НА ВРАБОТЕНИТЕ КОИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК ОД МЕХАНИЧКИ ВИБРАЦИИ

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ПРИ УПОТРЕБА НА ОПРЕМА ЗА РАБОТА

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ПРИ РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОВАР

ПРАВИЛНИК ЗА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА КОИ ВРАБОТЕНИТЕ ЈА УПОТРЕБУВААТ ПРИ РАБОТА

ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА СО ЕКРАНИ

ПРАВИЛНИК ЗА МИНИМАЛНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КОИ СЕ ПОТЕНЦИЈАЛНО ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК ОД ЕКСПЛОЗИВНИ АТМОСФЕРИ

ПРАВИЛНИК ЗА МИНИМАЛНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД РИЗИЦИТЕ ПОВРЗАНИ СО АЗБЕСТ ПРИ РАБОТА

ПРАВИЛНИК ЗА МИНИМАЛНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО РАБОТНИОТ ПРОСТОР

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ, НЕЈЗИНАТА СОДРЖИНА, КАКО И ПОДАТОЦИТЕ ВРЗ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАСНОВА ПРОЦЕНАТА НА РИЗИКОТ

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ, НЕЈЗИНАТА СОДРЖИНА, КАКО И ПОДАТОЦИТЕ ВРЗ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАСНОВА ПРОЦЕНАТА НА РИЗИКОТ

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧНИ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА НА ПРАВНОТО ИЛИ ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ

ПРАВИЛНИК ЗА ЗНАЦИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Донација на сертификат за стандард ISO 9001 : 2008

Со одлука на управителот на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија, оперативниот менаџер Коцевски Цане, во соработка со интернационалната сертификационата куќа CERTOP – Унгарија,

Повеќе...
Отпочнување со работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија, е правен субјект насочено кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Со својата работа почна на 21.05.2013 година. Оттогаш, претпријатието секојдневно ја зголемува и збогатува својата опрема која ја користи и го збогатува своето искуство.

Повеќе...
Добивање на сертификат за акредитација

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.

Повеќе...
Добивање на решение за работење од областа на безбедноста и здравје при работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :

Повеќе...
Извршени првите обуки за безбедно работење на работното место

Согласно добиените овластувања и решение со кое ни се дозволува извршување на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа,

Повеќе...

 

Почеток