МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО

ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ

АКРЕДИТИРАНО ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО
МАКЕДОНИЈА


 

Д/23

 

Контролиран примерок бр: 1

Менаџер за квалитет : Павле Миладинов

Верзија: 1 Важи од : 03.07.2013           

Изработил: Павле Миладинов               

Потпис:                                             

Проверил и Одобрил: Цане Коцевски    

Потпис:                                              

 

 

 

Кодексот на однесување на вработените во инспекциското тело Технички институт, Акредитирано инспекциско тело Македонија вклучува систем на стандарди и правила во однесувањето при извршување на работните обврски и должности на работното место и во работната околина.

Целта на овој кодекс е да со него се дефинираат стандарди за работење, да се воспостави добра деловна комуникација и пропишат основи за создавање на кодекс на облекување при извршување на работните обврски и должности на работното место и во работната околина и креирање на професионален начин на работење во инспекциското тело Технички Институт.

Бидејќи вработените претставуваат најголемата вредност на компанијата, компанијата има тенденција да за возврат обезбеди се она што ќе придонесе за што попријатни и пофункционални услови на работење, и изградба на свој сопствен корпоративен имиџ.

Стандардите кои се тука наведени, претставуваат правила на однесување кои се очекува да се почитуваат и исполнуваат од вработените во инспекциското тело Технички Институт,така што секоја повреда на овие правила ќе се третира како повреда на службената должност.

За обезбедување на усогласеност и почитување на кодексот на однесување на вработените во инспекциското тело Технички Институт одговорно лице е неговиот управител.

1 Стандарди на комуникација

Комуникацијата се одвива на вербално и невербално ниво.

Вербална комуникација се зборовите искажани во писмена или усна форма, а невербалната комуникација ја сочинуваат стилот на говор, стилот на пишување, тонот на гласот, изразите на лицето,гестови, брзина, стил на облекување и шминка, и слично.

1. Стандард за јазикот

- да се обрне внимание на тонот и јазикот при составување на бизнис писмата,
- да се користи стандарден, литературен јазик при изразувањето,
- да не се користат фрази и изрази од сленг јазикот.

2. Надворешна комуникација и правила

Надворешна комуникација е комуникација која се воспоставува со луѓе кои не се вработени во инспекциското тело Технички Институт. Тоа се странки, деловни партнери и други посетители. Впечатокот кој вработените ќе го остават на нив ќе влијае при формирањето на сликата за инспекциското тело Технички Институт во јавноста.

2.1. Комуникација во директен контакт

Поздравувањето е првиот контакт и првиот чекор во бизнис комуникацијата. Како израз на почит, поздравот секогаш треба да биде срдечен. Да потсетиме дека помладите ги поздравуваат постарите, односно, пониските во хиерархијата ги поздравуваат оние кои се повисоко во хиерархијата.

Однесувајте се како домаќин дома: на странката секогаш понудете и да седне,прифатете го палтото и понудете пијалок, а на крајот со придружување испратете ја до влезната врата на канцеларијата.

Обрнете внимание на вашиот настап пред странката! Бидете љубезни, но не силете ги работите.

Во разговорот со клиентот покажете трпеливост и концентрација на темата за разговор. Внимателно да се слуша соговорникот. Кон клиентот секогаш да се покаже добра волја и подготвеност да се испадне во средба, да се понудат совети, одговор или решение. Не покажувај нервоза, нетрпеливост и нељубезност.

Секој разговор со клиентот бара да се биде посветен на работењето со него, добро планиран, насочен кон целта, во име на инспекциското тело Технички Институт, без пречекорување на сопствените овластувања. При тоа на соговорникот треба да му се обезбедат јасно разбирливи и целосни информации, со бизнис тон, и без гестокулирање.

На жалбите да се реагира професионално, барајќи за проблемите побрзо и ефикасно решавање без понатамошно подигнување на тензија. Учтиво да се оправдате себеси и извинете кога ситуацијата го бара тоа.

Во контакт со клиентите посебна улога има административниот персонал, чије однесување е од суштинско значење за стекнување на првиот впечаток во врска со инспекциското тело Технички Институт. Треба да се води сметка да себиде внимателен домаќин и да посетителот, или клиентот од самото влегувањето во инспекциското тело Технички Институт,насекаде се чувствува како добредојден.

2.2 Содржина за телефон и e-mail

Телефонскиот контакт е многу важен за надворешни и внатрешни комуникации, бидејќи и поголемиот дел од деловните односи се спроведува преку телефон.

И тука важи правило дека првиот впечаток е одлучувачки. Затоа, обидете се да ја одржите вашата комуникација преку телефон со следните карактеристики:

- симпатичен, јасен и сладок глас,
- говорење без дијалект,
- едноставно претставување "Технички институт, молам!".

Веднаш на почетокот на телефонскиот разговор запамтете го името на соговорникот. Повеќето од луѓе соговорници нема да го повторат сопственото име во понатамошниот тек на разговорот. Обидете се да комуницирате преку телефон со позитивна ориентација кон другата страна и да на соговорникот му помогнете со позитивна иницијатива.

За време на извршувањето на телефонскиот разговор бидете сигурни на јачината на звукот на глас со кој разговарате да не се наруши концентрацијата другите колеги во просторијата.

Телефонскиот разговор треба да биде краток, јасен и прецизен. Тој служи само за договарање на средби и размена на информации, а не за бизнис преговори.

Во духот на доброто водење на работите е да на секој телефонски повик и e-mail, испратен до вработените во инспекциското тело Технички Институт се одговори во рок од 24 часа.

3 Стандарди за внатрешна комуникација

Внатрешна комуникација вклучува комуникација со луѓе кои се вработените во инспекциското тело Технички Институт. Овие се основачот на компанијата, менаџерот за квалитет, техничкиот менаџер, инспекторите.

Внатрешната комуникација има за цел да ги промовира контактите меѓу колегите и информира за вестите, поврзани со компанијата.

3.1. Правила на внатрешна комуникација

3.1.1. Начин на обраќање

Кон колегите и претпоставените се зборува со потребните почит, учтивост и љубезност.

Да не се заборави дека секој во инспекциското тело Технички институт има своја сопствена работа задача, и тоа дека сите вработени подеднакво се важни како секоја поединечна алка во синџирот што треба да резултира во успешно завршена работа и задоволни клиенти.

Кон претпоставените се обраќаме со почит и нивните предлози и упатства се прифаќаат на соодветен начин, со почитување на хиерархијата.

3.1.2 Лични интервјуа и e-mail

Имајте во предвид и на ум дека во инспекциското тело Технички Институт нема место за формирање на свои лични кругови и озборувања. Потребно е негување на добри односи со колегите и да се настојува во тие односи примена на толеранција и разбирање, при разрешувањето на сите конфликти.

Комуникацијата меѓу вработените преку e-mail треба да има пред се информативна рамка, за разни најави и промени кои се случуваат за време на работните обврски и должности. Користењето на Интернет за приватни цели на работното место е забрането.

3.1.3 Годишнини, празници и патувања

Во текот на годината се организираат неформални собири на сите вработени. Овие собирања во неформална атмосфера се во насока на приближување едни со други и подобро запознавање на вработените.

Прослави се организираат во согласност со стандардите на инспекциското тело Технички Институт во смисол на избор на амбиентот, угостителската услуга и така натаму. Во текот на овие состаноци од вработените се очекува првенствено умереност во консумација на алкохолот и соодветно однесување.

 

2 Стандарди за работниот изглед на вработените

Овој оддел вклучува одговори на прашања во врска со изгледот на појавување на вработените, односно тоа е како да се облекуваат, шминкаат, фризура на косата, за да би биле усогласени со интерните стандарди. Да не се заборави дека изгледот на вработените го одразува нивниот однос кон работата, што значи дека тоа е од суштинско значење за нив лично, како и за инспекциското тело Технички Институт. Неопходно е вработените да се генерално во согласност со пропишаните стандарди, а во рамките на нив оставена е слободата за градење на свој индивидуален стил.

1.1 Начин на облекување

Гардеробата за работа не мора да биде премногу строга, но се очекува да се направи разлика помеѓу облека за на плажа и работна облека. Основни критериуми за ваше појавување на работа треба да бидат пристојност, а екстраваганцијата оставете ја на вашиот приватен живот.

Фустани и маици на рамки, кратки кошули што не го покриваат стомакот, и здолништа, тесна-фитинг облека припиена на телото со провидни материјали и тренерки не се соодветни за работа.

Не е дозволено да носат патики, влечалки, кломпи и други чевли кои не се соодветни на работниот изглед.

На мажите не им е дозволено да носат шорцеви или бермуди, спортски дрес, патики или влечки.

Вработените имаат брендирана работа облека со етикети на инспекциското тело Технички Институт и таа треба да се носи секој ден. Работната облека мора секогаш да биде чиста и уредна. Управителот одредува која работна облека ќе се носи и кога.

1.2 Шминка, коса (фризура), накит

Што се однесува како за шминка, изберете "златна средина". Вработената жена секогаш мора да остава впечаток на негувана жена. Таа не може да биде нашминкана агресивно, како што не мора да биде целосно ослободена од шминка.

Косата мора секогаш да биде чиста и формирана во фризура, а ноктите чисти. Мажите мора да бидат уредно потстрижени и избричени.
Да се обрне внимание да вашиот накит не е премногу нападен, да е во согласност со бизнис стилот на облекување и да не е преоптоварен со бижутерија.

 

1.3 Манири

Под манири се сметаат стереотипните навики да се реагира во одредени работа ситуации. Кодексот на однесување на вработените при извршување на работните обврски и должности на работното место и во работната околина во инспекциското тело Технички Институт бара согласност кон придржување во следниве насоки :

- забрането е пушењето во просториите, освен на место кои се одредени за тоа,
- кафе и други топли напитоци се служи исклучиво во соодветни услови и временски термини,
- внесување, поседување и консумирање на алкохол е строго забрането и казниво со законот за работни односи,
- обрнете внимание на вашата работна средина :
- особено во простории кои се намените за сите вработени, како тоалетите,потсете се дека некој ќе ги користи и треба да дојде после тебе,
- освен во времето предвидено за извршување на појадокот, не е предвидено да се јаде во работните простории,
- бидете сигурни дека вашата работна маса е уредна и чиста во текот на работното време, а по истекот на работното време должни сте од работната маса да ги раскренете сите свои работи,
- во директниот разговор со други личности или вработените, да не се загрозува личната територија на соговорникот - немојте да премногу да се приближувате и внесувате во неговото лице (80см оптимално растојание помеѓу вас и соговорникот),
- во принцип приватни посети на работното место генерално не се дозволени,
- прифаќањето или примањето на подароци од било кој вид или вредност на работното место е строго забрането.

3. Односи со јавноста

Не е дозволено да ги прераскажувате на пријателите, роднините, комшиите и на вработените во другите компании работните случувања во инспекциското тело Технички Институт, да ги откривате работните тајни и планови. На тој начин ја кршиш лојалноста према инспекциското тело Технички Институт и го нарушуваш угледот на истото во јавноста.

Доколку на работното место искрсне некој проблем или недоразбирање, треба да се реши на активен начин, така што ќе се обратите до претпоставениот. Не употребувајте оговарања, завист, надменост, алчност, невнимателност бидејќи тоа тоа не служи ниту на Вас ниту на инспекциското тело Технички Институт.

4. Личноста на вработениот

Во пасусот кој следи, ќе ги наведеме карактеристиките на личноста, кои се значајни за функционирање и градење на успешна работна кариера во инспекциското тело Технички институт.

Бидете претприемчиви, самостојни и покренувајте иницијативи. Од вас се очекува да на правото место ја најдете правата личност и упешно ја завршите работната задача во најкраток рок и на наједноставен начин.

Секогаш проверувајте ги своите намери и постапки дали се поштени и фер спрема Вас и другите и дали се во согласност со прописите, поставените работни цели и со моралниот кодекс на инспекциското тело Технички институт.

Креирајте и развивавјте сопствена компетентост. Со својата кариера бидете пример на останатите вработени во инспекциското тело Технички институт, покажете иницијатива и постојано усовршувајте се.

Бидете добар играч во тимот и водете сметка кон своите колеги од работа.

Создавајте нови и негувајте ги постоечките работни контакти.

Бидете љубопитни, радознали и иновативни. Активно вклучете го мозокот, умот и имагинацијата и комбинирајте ги своите способности во различни проекти.

Држете се до вистината, проверете дали сте во состојба да ги испочитувате дадените ветувања пред него што ги изговорите и почитувајте ја индивидуалноста.

Бидете лојални према инспекциското тело Технички Институт. Придржувајте се на стандардите и правилата на однесувањето и работењето. Лојалноста е предуслов за работа и напредување во инспекциското тело Технички Институт. Имајте секогаш на ум дека Вие лично го репрезентирате и го претставувате инспекциското тело Технички Институт.

Сите програми за едукација и тренинзи во склопот на инспекциското тело Технички институт и надвор од него прифатете ги како можност да го комплетирате своето знаење и да се биде што попрофесионален во работата која ја извршувате.

За неуспешно извршените работни задачи немојте промптно да барате виновници во другите вработени. Размислете што тоа самите сте можеле подобро да го направите.

5. Работно време

Работното време е од 0700 до 1500 часот. Тоа значи дека на работа треба да се приситгне во 650 за да би на време почнале со работа, а работното место и обврски не треба да се напуштат пред 1500 часот.

Во текот на работното време вработените имаат право на пауза за појадок во таење од 16 минути во периодот од 1000 до 1016, со паузи за кафе од 0715 до 0722 и 1300 до 1307.

На работното место е потребно да се доаѓа одморени и свежи за да бидете концентрирани и спремни за работните обврски и должности. Покрај ова се подразбира дека треба да бидете добро расположени, насмеани и позитивно ориентирани.

6. Повреди на Кодекс на однесување на вработените при извршување на работните обврски и должности на работното место и во работната околина

Повредите на работните обврски и должности на работното место и во работната околина од страна на вработените во инспекциското тело Технички Институт можат да бидат лесни и тешки. Непочитувањето на правилата наведени во Кодексот на однесување на вработените при извршување на работните обврски и должности на работното место и во работната околина представуваат лесни повреди, освен оние повреди на правилата кои се наоѓаат во Законот за работни односи, кои се предвидени како тешки повреди на работните обврски и должности на работното место и во работната околина од работниот однос.

Секоја повреда на работните обврски и должности на работното место и во работната околина повлекува одговорност предвидена со Законот за работни односи.

7. Примена во сила на Кодексот

Овој Кодекс на однесување на вработените при извршување на работните обврски и должности на работното место и во работната околина ќе се применува од денот на објавување во инспекциското тело Технички Институт. Секој вработен во инспекциското тело Технички Институт мора да има кај себе копија од Кодексот со свој своерачен потпис и детално да се запознае и да го применува во практиката.

Неготино, 06.03 2013 година

ДИРЕКТОР
Коцевски Цане Оперативен Менаџер

 

Донација на сертификат за стандард ISO 9001 : 2008

Со одлука на управителот на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија, оперативниот менаџер Коцевски Цане, во соработка со интернационалната сертификационата куќа CERTOP – Унгарија,

Повеќе...
Отпочнување со работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија, е правен субјект насочено кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Со својата работа почна на 21.05.2013 година. Оттогаш, претпријатието секојдневно ја зголемува и збогатува својата опрема која ја користи и го збогатува своето искуство.

Повеќе...
Добивање на сертификат за акредитација

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.

Повеќе...
Добивање на решение за работење од областа на безбедноста и здравје при работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :

Повеќе...
Извршени првите обуки за безбедно работење на работното место

Согласно добиените овластувања и решение со кое ни се дозволува извршување на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа,

Повеќе...

 

Почеток