Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :

 

  • проценка на ризик на работното место,
  • концепт на изјава за безбедност,
  • изработка и спроведување на програма за обука на вработените за безбедно извршување на работата,
  • редовно тестирање и контрола на опремата за работа.

Сите вработени експерти во Акредитираното тело за инспекција Технички институт Македонија се дипломирани инженери со положен стручен испит за извршување на работите за безбедноста и здравјето при работа.

Безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина се континуирани процеси на кои не може да им се пристапи неодговорно. Примената на мерките, прописите и стандардите во областите безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина е огромен чекор понатаму во согласност со нормите на добрите стопанственици.

Квалитетот на услугите и препораките од многуте успешни стопанственици се клучот на нашиот успех и постоење.
Во согласност со важечките законски прописи ние имаме стручен експертски тим кој е специјализиран за изработка на општи акти, како што се:

  • Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места, ( опис на работни места, упатства за работа на машините, досие на машините),
  • Правилник за безбедност и здравје при работа,
  • Правилник за лична заштитна опрема,
  • Правилник за заштита од пожари и експлозии,
  • Проценка на загрозеност за можни опасности при елементарни непогоди и несреќи,
  • План за евакуација и спасување при елементарни непогоди и несреќи,
  • Програма за обука на вработените за безбедно извршување на работата.

 

 

Донација на сертификат за стандард ISO 9001 : 2008

Со одлука на управителот на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија, оперативниот менаџер Коцевски Цане, во соработка со интернационалната сертификационата куќа CERTOP – Унгарија,

Повеќе...
Отпочнување со работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија, е правен субјект насочено кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Со својата работа почна на 21.05.2013 година. Оттогаш, претпријатието секојдневно ја зголемува и збогатува својата опрема која ја користи и го збогатува своето искуство.

Повеќе...
Добивање на сертификат за акредитација

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.

Повеќе...
Добивање на решение за работење од областа на безбедноста и здравје при работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :

Повеќе...
Извршени првите обуки за безбедно работење на работното место

Согласно добиените овластувања и решение со кое ни се дозволува извршување на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа,

Повеќе...

 

Почеток