МКС EN ISO/IEC 17020 : 2012                                                                                                                                                                                     Д/04


ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

 

Tехнички Институт Македонија Акредитирано инспекциско тело е посветена да обезбеди инспекција (контрола), со највисок квалитет кои целосно ги задоволуваат барањата на нашите клиенти. Вкупниот квалитет ќе биде постојана цел во рамките на оваа компанија. Тоа ќе биде спроведено, надгледувано, негувано и одржувано со едно континуирано подобрување на системот за управување со квалитетот воспоставен согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2012 – Оцена на сообразност. Општи критериуми за работа на различни типови тела што вршат инспекција, а ќе се постигне преку нашите луѓе кои ја познаваат документацијата, ги применуваат политиката за квалитет, процедурите и работат заедно за успех и ќе служиме за углед и пример на своите партнери и конкуренти.

Ние ги исполнуваме барањата на нашите клиенти и другите заинтересирани страни, со надминување на нивните очекувања и ги заслужуваме нивните препораки така што:

Ние ги користиме научно базираните принципи на современиот менаџмент, како и методи, техники и алатки на управување со високиот квалитет на инспекциите и услугите,

Ние се грижиме за животната средина и безбедносните прашања при спроведувањето на работните методи, процеси и активности,

Ние ги обезбедуваме безбедноста и сигурноста на нашата технологија за работење и доверливите информации на нашите клиенти,

Ние воспоставуваме и негуваме партнерство со клиентите, со Институтот за акредитација на Република Македонија, и надворешните соработници, со почитување и взаемна доверба,

Ние вршиме инспекција и мерења без финансиски или политички влијанија.

Грижата за подршката на Политиката за квалитет на нашето инспекциско тело е одговорност на Директорот и Менаџерот за квалитет.


Неготино, 06.03 2013 година

ДИРЕКТОР
Коцевски Цане Оперативен Менаџер

 

Донација на сертификат за стандард ISO 9001 : 2008

Со одлука на управителот на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија, оперативниот менаџер Коцевски Цане, во соработка со интернационалната сертификационата куќа CERTOP – Унгарија,

Повеќе...
Отпочнување со работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија, е правен субјект насочено кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Со својата работа почна на 21.05.2013 година. Оттогаш, претпријатието секојдневно ја зголемува и збогатува својата опрема која ја користи и го збогатува своето искуство.

Повеќе...
Добивање на сертификат за акредитација

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.

Повеќе...
Добивање на решение за работење од областа на безбедноста и здравје при работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :

Повеќе...
Извршени првите обуки за безбедно работење на работното место

Согласно добиените овластувања и решение со кое ни се дозволува извршување на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа,

Повеќе...

 

Почеток