Со одлука на управителот на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија, оперативниот менаџер Коцевски Цане, во соработка со интернационалната сертификационата куќа CERTOP – Унгарија, донирана е сертификација на меѓународниот стандард за управување со квалитет ISO 9001 : 2008 на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести – Скопје. Имплементацијата беше извршена од страна на Акредитираното инспекциско тело Технички институт Македонија и нејзиниот консултант за имплементација на ISO стандарди Митко Дамјановски и тимот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести – Скопје.