Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.
Со оваа акредитација сме овластени да вршиме инспекција со издавање на сертификат и инспекциски извештај за извршена (контрола, технички преглед, периодични мерења и испитувања), како во Република Македонија, така и во останатите Европски држави.
Нашето инспекциско тело ќе ги вложи целокупниот свој напор и ресурси за да ги придвижиме границите на современото, квалитеното и модерно работење, со воспоставување на повисоки стандарди, поефикасна, економична и навремена инспекција со почитување на законската регулатива и барањата на клиентите.
Мисија на нашата организација е да им овозможиме на нашите клиенти :
- навремени инспекции, резултати и услуги,
- контрола со висок квалитет,
- Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на електрични инсталации за низок напон,
- Инспекција (испитување) и повремени прегледи и периодични испитувања на системи за громобранска заштита,
- Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на енергетски трансформатори со мерење на отпор на изолација на намотки,
- Инспекција (испитување) на напон на допир при потенцијална струја на куса врска,
- Инспекција (испитување) на присуство на напон на чекор при потенцијална струја на куса врска,
- Инспекција (испитување) на отпор на заземјување и специфичен отпор на земјата,
- Инспекција (испитување) и контрола на готови производи, нисконапонски електрични склопови,
- Инспекција (испитување) и контрола на микроклиматски услови во работна средина (контрола на темпертаура, контрола на релативна влажност, контрола на брзина на струење на воздухот, контрола на атмосферски притисок),
- Инспекција (испитување) и контрола на штетностите во работна средина (контрола на бучава, контрола на осветленоста во отворени и затворени простории, контрола на емисија на прашина, контрола на емисија на СО2 и СО),
- според прописите, националните и меѓународните стандарди,
- со постојано задоволување на критериумите за однесување и со нагласување и почитување на уникатноста на секој клиент, фокусирање на своето внимание на анализа на неговите барања и воспоставуваме единствен професионален однос на доверба и долгорочна соработка.