Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 16.12.2013 година доби Решение бр. 07-9700/4 од Министерството за труд и социјална политика со кое ни се дозволува да извршуваме стручни работи од следната област :
- проценка на ризик на работното место,
- концепт на изјава за безбедност,
- изработка и спроведување на програма за обука на вработените за безбедно извршување на работата,
- редовно тестирање и контрола на опремата за работа.
Сите вработени експерти во Акредитираното тело за инспекција Технички институт Македонија се дипломирани инженери со положен стручен испит за извршување на работите за безбедноста и здравјето при работа.
Безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина се континуирани процеси на кои не може да им се пристапи неодговорно. Примената на мерките, прописите и стандардите во областите безбедност и здравје при работа, заштита од пожари и заштита на животната средина е огромен чекор понатаму во согласност со нормите на добрите стопанственици.
Квалитетот на услугите и препораките од многуте успешни стопанственици се клучот на нашиот успех и постоење.
Во согласност со важечките законски прописи ние имаме стручен експертски тим кој е специјализиран за изработка на општи акти, како што се:
- Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места, ( опис на работни места, упатства за работа на машините, досие на машините),
- Правилник за безбедност и здравје при работа,
- Правилник за лична заштитна опрема,
- Правилник за заштита од пожари и експлозии,
- Проценка на загрозеност за можни опасности при елементарни непогоди и несреќи,
- План за евакуација и спасување при елементарни непогоди и несреќи,
- Програма за обука на вработените за безбедно извршување на работата.