ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА е посветена да обезбеди инспекција (контрола)и услуги со највисок квалитет кои целосно ги задоволуваат барањата на нашите клиенти. Вкупниот квалитет ќе биде постојана цел во рамките на оваа компанија.
Тоа ќе биде спроведено, надгледувано, негувано и одржувано со едно континуирано подобрување на системот за управување со квалитетот воспоставен согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2012
Оцена на сообразност – Општи критериуми за работа на различни типови тела што вршат инспекција, а ќе се постигне преку нашите луѓе кои ја познаваат документацијата, ги применуваат политиката за квалитет, процедурите и работат заедно за успех и ќе служиме за углед и пример на своите партнери и конкуренти.
- Ние ги исполнуваме барањата на нашите клиенти и другите заинтересирани страни, со надминување на нивните очекувања и ги заслужуваме нивните препораки така што:
- Ние ги користиме научно базираните принципи на современиот менаџмент, како и методи, техники и алатки на управување со високиот квалитет на инспекциите и услугите,
- Ние се грижиме за животната средина и безбедносните прашања при спроведувањето на работните методи, процеси и активности,
- Ние ги обезбедуваме безбедноста и сигурноста на нашата технологија за работење и доверливите информации на нашите клиенти,
- Ние воспоставуваме и негуваме партнерство со клиентите, со Институтот за акредитација на Република Македонијаи надворешните соработницисо почитување и взаемна доверба,
- Ние вршиме инспекција и мерења без финансиски или политички влијанија.
Грижата за подршката на Политиката за квалитет на нашето инспекциско тело е одговорност на Управителот и Менаџерот за квалитет.
Неготино, 21.09.2020 година
Управител
Цане Коцевски..