Цел 1
ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА во потполност е спремно и го има прилагодено своето работење согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2012 Оцена на сообразност – Општи критериуми за работа на различни типови тела што вршат инспекција и важечката национална регулатива и стандарди за да може да врши редовна работа (бидејќи се работи за регулирана област), согласно опсегот на акредитација одобрен од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија. Трајна цел е проширување на опсегот на акредитација и типовите на мерења кои може да се извршат.
Цел 2
Опремување на работниот простор и набавка на нови инструменти.
Цел 3
Зајакнување на кадровскиот потенцијал со квалитетна обука и тренинг.
Како инспекциско тело, сакаме да бидеме препозантливи и прифатени како културен и добар бизнис партнер. Нашето мото ”Подобро, Поблиску, Повеќе” сакаме да го преточиме во нови вредности и на тој начин да придонесеме за континуирано подобрување на сеопфатните активности фокусирани на нашите клиенти и нашите вработени.
Подобро, да се биде подобар од конкуренцијата, а како гаранција се нашите експерти, искуство и знаење,
Поблиску, да се биде поблиску до клиентите и иновациите,
Повеќе, повеќе услуги е основата на нашиот развој. Ние не сакаме само да биде надзор, но, исто така, да учествуваме во развојот, на мали, средни, како и големи организации и проекти.
На овој начин, даваме најголем придонес за развојот на нашиот регион, на клиентите со кои работиме и потенцијалните клиенти, спрема кои имаме уникатен и недискриминаторски пристап на задоволство на сите заинтересирани страни.
Неготино, 21.09.2020 година
Управител
Цане Коцевски