МИСИЈА

Нашето инспекциско тело ќе ги вложи целокупниот свој напор и ресурси за да ги придвижиме границите на современото, квалитетното и модерно работење, со воспоставување на повисоки стандарди, поефикасна, економична и навремена инспекција со почитување на законската регулатива и барањата на клиентите.

Мисија на нашата организација е да им овозможиме на нашите клиенти :

  • навремени инспекции, резултати и услуги,
  • контрола со висок квалитет:
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди (постројки и нивните составни делови за производство на електрична енергија, постројки и водови наменети за пренос на електрична енергија постројки, инсталации и водови за дистрибуција на електрична енергија, постројки и нивните попратни уреди наменети исклучиво за вршење на електрични и електроенергетски мерни испитувања, електрични уреди и производи за номинален напон од 380 V или повисок, со моќност поголема од 1000 W, електрични производи и уреди за производство на електрична енергија, за номинален напон од 220 V до1000 V, генератори, електрични мотори, енергетски трансформатори, Мерни трансформатори, прекинувачи, раставувачи, електрична заштита, високонапонски енергетски кабли, трансформаторско масло, акумулаторска батерија, термовизиско снимање, средства за заштита во електроенергетски постројки: заштитни ракавици, заштитни чизми, изолациони кондури, изолациони теписи, изолациони мотки, индикатори),
  • Инспекција (испитување) на високонапонска опрема, контрола на електро-енергетски надземни водови, кабли и лоцирање на дефекти, отпор на изолација, пробивен напон, лоцирање на дефект
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери (енергетски и инструментациски уреди наменети за употреба во експлозивни атмосфери, неелектрични уреди и опрема наменети за употреба во експлозивни атмосфери, електрични инсталации на енергетика и инструментација наменети за употреба во експлозивни атмосфери, неелектрични инсталации наменети за употреба во експлозивни атмосфери – технички преглед и инспекција),
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на електрични инсталации за низок напон,
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на системи за заземјување (системи на заземјување: мерење на отпор на заштитно заземјување, мерење на отпор на работно (погонско) заземјување, испитување на специфичен отпор на земјата. Системи за громобранска заштита: мерење на отпор на заземјување на громобранска инсталација),
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитување на системи за громобранска заштита,
  • Инспекција (испитување) на присуство на напон на допир при потенцијална струја на куса врска,
  • Инспекција (испитување) на присуство на напон на чекор при потенцијална струја на куса врска,
  • Инспекција (испитување) и контрола на готови производи – нисконапонски склопни блокови,
  • Инспекција (испитување) и технички преглед и периодични испитувања на- мостовски дигалки (кранови ), портални и полупортални дигалки (кранови), подвижни и неподвижни конзолни дигалки (кранови), подвижни и неопдвижни дигалки со столб или кула, мобилни дигалки (кранови), односно сите видови на дигалки кои може да се движат натоварени или растоварени без потреба од фиксна патека, дигалки монтирани на возила кои служат за натоварување и растоварување, дигалки кои служат за подигнување на лица на висини поголеми од 2m, вклучувајќи ги и оние кои се монтирани на возила, дигалки за одржување и сервисирање возила, виљушкари, сите видови на транспортери (транспортери со ленти, транспортери со плочки, транспортери со гребла и сл) кои служат за континуиран транспорт на товар во парчиња или растресити и сипливи матерјали (метални и /или неметални минерални суровини), и сите видови транспортери за континуиран транспорт на товар кој се дел од технолошки процес и претставуваат посебна конструктивна целина,
  • Инспекција (испитување) и технички преглед и периодични испитувања на рударската техничка опрема: рударска техничка опрема за изведување на рударски работи во јамски услови, рударска техничка опрема за изведување на рударски работи при површинска експлоатација на јаглен, рударска техничка опрема за изведување на рударски работи при површинска експлоатација на металични и неметалични минерални суровини,
  • Оцена на сообразност на машини, опрема и уреди: рударска опрема (багери, утоварачи, булдожери, претоварни станици, транспортни мостови, дупчалки, дампери, дробалици и итн.), сите видови кранови и дигалки, индустриски транспортери, виљушкари,
  • Инспекција (испитување) и технички преглед и периодични испитувања на опрема под притисок : парни котли и нивни инсталации, садови под притисок и нивни инсталации, постројки од опрема под притисок, магистрални нафтоводи и гасоводи, инсталации за полнење кои можат да бидат: постројки кои содржат опрема под притисок за складирање на гасови под притисок наточени од пренослива опрема под притисок ,постројки кои се определени да наточуваат гасови под притисок во пренослива опрема под притисок, постројки кои се определени да наточуваат гасови под притисок во возила за земјена, водна или воздушна пловидба,
  • Оцена на сообразност на опрема под притисок (Модул G),
  • Инспекција (испитување) и технички преглед и периодични испитувања на пренослива опрема под притисок: сите видови садови и сите видови на резервоари,
  • Инспекција на цистерни за транспорт на опасни материи без надпритисок (класа 3 до 9),
  • Инспекција (испитување) и технички преглед и периодични испитувања на :
    лифтови за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица во кабината, лифтовски платформи за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица на платформата (на пр. лифтовски платформи за превоз на лица кои се движат со помош на количка, лифтовски платформи за возила со управување од платформата, лифтовски платформи за доставување материјали и слично), платформи за скали кои се движат по водилка поставена под наклон кој го следи наклонот на скалите (напр. платформа за скали за превоз на лица кои се движат со помош на количка и слично), транспортери за лица (ескалатори и подвижни ленти за превоз на лица), сервисни лифтови, односно лифтови и лифтовски платформи за превоз само на стоки без пристап на лица во кабината или на платформата (на пр. лифтови за пренос на храна, за доставување на материјали итн.), градежни лифтови, платформи и висечки скелиња со механизиран погон кои се привремено вградени во објекти и се наменети за подигање на лица или лица и стоки или само стоки, извозни постројки во рудници, лифтовски платформи и подигачи во театри со механизиран погон, висечки подвижни платформи со пристап на лица кои се привремено или постојано вградени во објекти и се наменети за одржување на објектите,
  • Оцена сообразност на лифтови: поединечна верификација на лифтови (Модул G), испитување на тип на лифтови (Модул В), завршна инспекција на лифтови,
  • Инспекција (испитување) и контрола на микроклиматски услови во работна средина (контрола на темпертаура, контрола на релативна влажност, контрола на брзина на струење на воздухот, контрола на атмосферски притисок),
  • Инспекција (испитување) и контрола на штетностите во работна средина (контрола на ниво на бучава во работна средина, контрола на ниво на бучава во животна средина, контрола на осветленоста во отворени и затворени работни простории,
  • Инспекција (испитување) и контрола на штетностите во работна средина контрола на емисија на загадувачки супстанции – прашина (цврсти честички), кислород (О2), јаглерод моноксид (СО), јаглерод двооксид (СО2), азотен моноксид (NO), азотен двооксид (NO2), сулфурен двооксид (SO2),
  • Инспекција (испитување) на штетности во животна средина (контрола и испитување на штетности во животна средина (контрола и испитување на бучава, контрола и испитување на осветленоста во отворени и затворени простори, контрола и испитување на емисија на загадувачки супстанции – прашина (цврсти честички), кислород (O2),јаглерод моноксид (CO), јаглерод двооксид (CO2), азотни оксиди (NO, NO2), сулфурдиоксид (SO2), хлориди изразени како HCl, флуориди изразени како HF,контрола и испитување темпертаура, контрола и испитување на релативна влажност, контрола и испитување на брзина на струење на воздухот, контрола и испитување на атмосферски притисок),
  • Инспекција (испитување) на животна средина – квалитет на амбиентен воздух, емисија на загадувачки, супстанции – прашина, емисија на загадувачки, супстанции во отпадните, гасови и пареи,
  • Инспекција (испитување) и контрола на мерењето на температура на мерните инструменти и верификација,
  • Инспекција (испитување) на контрола на функционалноста на стабилни системи за гасење на пожар,
  • Инспекција (испитување) на контрола на функционалноста на противпожарни централи,
  • Инспекција (испитување) на контрола на функционалноста на противпожарни апарати за гасење на пожар,
  • Инспекција (испитување) и верификација при проектирање, производство и монтажа, технички преглед и испитување при пуштање во употреба, редовни, главни, вонредни и дополнителни прегледи при експлоатација на метални производи и конструкции,
  • Инспекција (испитување)-периодично и вонредно испитување и мерење на омска отпорност и импеданса на антистатички подови,
  • Инспекција (испитување) и верификација на сигурносни уреди за садови, инсталации и опрема под притисок: сигурносни вентили, манометри,
  • Инспекција (испитување) на квалитет на електрична енергија,
  • Инспекција (мерење) на јачина на електромагнетно поле,
  • Инспекција (мерење) на јачина на електростатско поле,
  • Технички преглед и испитување на системи за катодна заштита,
  • според прописите, националните и меѓународните стандарди,
  • со постојано задоволување на критериумите за однесување и
  • со нагласување и почитување на уникатноста на секој клиент, фокусирање на своето внимание на анализа на неговите барања и воспоставуваме единствен професионален однос на доверба и долгорочна соработка.

Неготино, 21.09.2020 година
Управител
Цане Коцевски