Нашиот тим
Технички Институт Македонија Акредитираното инспекциско тело собра креативен и енергично мотивиран тим на стручњаци кои се предани на создавање и унапредување на содржините со кои на корисниците на нашите услуги ќе им понудиме високо квалитетни и доверливи технички испитувања, контроли и анализи на нивната електрична опрема, инсталација, работните услови на работното место и работната средина и други услуги и информации потребни за нивното успешно, сигурно и профитабилно работење на пазарот.
Во своето работење секогаш настојуваме да понудиме најдобра услуга и да го осигураме задоволството на нашите корисници. Од овие причини можете слободно да ни се обратите, ако имате конкретни прашања, ако ви требаат дополнителни информации или сакате совет бидејќи ве очекува стручен и квалитетен одговор.
Ви го претставуваме нашиот тим :
ЦЕЛИ ЗА КВАЛИТЕТ
- ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА во потполност е спремно и го има прилагодено своето работење согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2012 Оцена на сообразност - Општи критериуми за работа на различни типови тела што вршат инспекција и важечката национална регулатива и стандарди за да може да врши редовна работа (бидејќи се работи за регулирана област), согласно опсегот на акредитација одобрен од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија. Трајна цел е проширување на опсегот на акредитација и типовите на мерења кои може да се извршат.
- Опремување на работниот простор и набавка на нови инструменти.
- Зајакнување на кадровскиот потенцијал со квалитетна обука и тренинг.
На овој начин, даваме најголем придонес за развојот на нашиот регион, на клиентите со кои работиме и потенцијалните клиенти, спрема кои имаме уникатен и недискриминаторски пристап на задоволство на сите заинтересирани страни